никаков (прид.) - причина (имн.)

Но, пред тоа треба да се стави т.н. „извршна клаузула“ т.е. потврда за извршност – која ја дава судот, односно органот кој одлучувал за побарувањето во прв степен (чл. 12, ст.2 од ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера во друштвото беше прилично лоша и напната: претпоставените често знаеја, без никаква причина, да се развикаат на некоја работничка, да ја омаловажат пред нејзините колешки, па дури и да ја расплачат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
280 Триманова против Стоби Спор за неисплатена испратнина1 Nullam cum litigatore, quem in proprium recepit fidem, contractum ineat advocatus nullam conferat pactionem (C.J. – 2,6,6,2) Адвокатот кој ќе се нафати да застапува не би смеел да влегува во никакви [тајни] преговори, ни спогодби со парничниот противник Работничката Лиљана Триманова од Велес (сега 50-годишна) беше вработена во приватната модна конфекција АД „Стоби“ – Ве- лес, од 2002 година – седум години пред да настане конкретниот работен спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да работеше и таа во Одделот за документација можеше да биде релативно поедноставно, но тој имаше само мошне нејасна претстава за приближното место во зградата во кое се наоѓаше Одделот за проза, а немаше никаква причина за да отиде таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, тој добро го знаеше уште од порано возниот ред на меѓународниот Балкан-експрес, ги следеше сите сезонски промени, понекогаш го пречекуваше и испраќаше возот без никаква причина, да патува или да чека некого.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тешко дека ќе се задоволат со нешто помалку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, ако се знаело дека повеќето мажи што си ги посакувал додека си растел сигурно ќе те одбиеле, и тоа не поради твоја вина, па уште и ако забранетата желба по нив затоа ти била осудена да се искажува само во соништата, во безнадежни мечти за сексуална оствареност и за романтично блаженство, тогаш си немал никаква причина да му дозволиш на светот да ти ги ограничува мечтателствата и да ти го ограничува мечтателскиот светокруг на тесното поле на возможноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, најстрашно беше кога ќе запенавеше, кога без никаква причина ќе се разбеснеше и ќе фатеше некое дете да дави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најголемиот дел од акростиховите, сепак, имаат само едно скриено ниво - но нема никаква причина некој да направи уште едно ниво - акростих врз акростих.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или може да се направи” контракростих” каде почетните букви прочитани во обратен редослед ќе даваат некоја порака.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едно попладне Винсент ван Гог на својот брат му пишува писмо во кое ја опишува лудницата во Сен Реми: „Те уверувам дека овде ми е добро и дека привремено не гледам никаква причина да дојдам во Париз.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа Њујорк го прави “авто-привлечен” свет од кој не постои никаква причина да се излезе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мајка ми од туку-така, без никаква причина, не ги сакаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Иако, на пример немало никаква причина за тоа, бидејќи десетината чиновници што го претставуваа сиот управен механизам на канцеларијата, и без тоа се наоѓаа во соодветниот страв; кога ќе го здогледаше оддалеку, чиновникот си ја оставаше работата и застануваше мирно чекајќи додека претпоставениот не влезе во својата одаја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)