никаков (прид.) - промена (имн.)

Тој на бугарската влада ѝ ја пренел цврстата решеност на царската влада, како и на Виена, да не дозволат никакви промени во овој дел на Балканот и барал од претставниците на македонската емиграција во Бугарија и од тие на МРО (д-р Татарчев Христо Матев) со кои се сретнал да водат сметка за тој факт и да не предизвикуваат нереди во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во моментот на приватизацијата, односно продажбата, компанијата имаше 263 830 вработени, од кои 60-ина во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Божиновски е убеден дека и самата продажба немаше за цел развој на компанијата, туку испумпување на парите од банките во странство и преземање на имотот со кој тогаш располагаше компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Туку и тоа дека никогаш не смее да се признае никаква промена во доктрината или во политичкото врзување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зачудено го гледаше Камилски, кој со извишен глас продолжи: Декарт ги советуваше изгубените патници да не талкаат, час свртувајќи лево, час десно, без да запираат никаде, туку постојано да чекорат само во ист прав правец, напред, само напред без никаква промена да не ги принудат да го променат овој тек!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Единствена светла точка на постоењето на синдикатот е „џентлменскиот договор“ постигнат помеѓу вработените и „реномираниот“ купувач, тој како иден газда – во наредните пет години – да не врши никаква промена во однос на бојот и систематизацијата на работните места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марија се чудеше, дури и се разочаруваше од неговото однесување. Не забележуваше никакви промени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)