никаков (прид.) - тајна (имн.)

Ме мразеа и не ми можеа ништо. Не беа за мене никаква тајна. Им го познав дури и мирисот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со текот на времето помеѓу Татко и Камилски повеќе немаше речиси никакви тајни. Остануваше само Татковата цариградска енигма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Тоа воопшто не ми пречи, меѓу мене и Рада нема никакви тајни и сето ова го знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме мразеа и не ми можеа ништо. Не беа за мене никаква тајна. Им го познавав дури и мирисот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)