никаков (прид.) - тежина (имн.)

Но, и после истекот на овој новоутврден рок за исплата, таа пак е изиграна и повторно не ги добива неисплатените плати и отпремнината. 274 Сепак, Костадиновска сè уште верува дека спорот може вонсудски да биде решен, па после одржан нов состанок со директорите, добива ново ветување дека во новодоговорениот рок, конечно, средствата ќе ѝ бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај сево ова свесно одолговлекување, Костадиновска се обидува овој проблем да го реши на мирен начин, така што во дополнителен устен договор со директорите се договара средства- та да ѝ бидат исплатени одеднаш, но по три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се напинам, се напинам со сета сила, но енергијата ми останува некаде во мене, некаде во стомакот, некаде во некој празен простор во желудникот, таа тамо лебди како пердушка и нема во себе никаква тежина со која ќе налегне за да потисне нагоре енергија која ќе ми го поткрене јазикот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, како по обичај, по којзнае кој пат, нивниот збор нема никаква тежина и таа пак не го добива она што законски ѝ следува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што значи и неговата информација ја имам оставено на почек!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека таквите непристојности немаат никаква тежина се до оној момент додека не остварам личен увид во материјалните докази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од друга страна, нагласив, од него ќе го очекувам и понатаму токму тоа: да ми го соопштува се она што ќе го слушне па и тогаш кога се во прашање не само нашите подредени туку и оние другине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)