никаков (прид.) - цена (имн.)

Кога се будеше светот пред вашите очи, кога беше доволно да дишите длабоко и да живеете без да платите никаква цена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Борис Степанович опстоја на својот збор дека по никаква цена нема да интервенира во добиениот список потпишан и оверен со печат на Генералштабот на Деникин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко ми во младоста ќе се најде во Цариград, на Босфор, крај морето меѓу азискиот и европскиот континент, за конечно да се врати во почетокот на 20-tите години крај Езерото, од кое никогаш и по никаква цена не можеше да се раздели неговиот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)