никаков (прид.) - друг (прид.)

Власта на Партијата не можеше да стане постојана врз никаква друга интелектуална основа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен што англискиот јазик и е lingua franca, а Новоговорот нејзин официјален јазик, таа не е централизирана на никаков друг начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без адреса, без никакви други податоци, лесно го пронајдов, речиси, во десетмилионскиот Париз - Кире карикатуристот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Освен пензијата не донесол никаква друга пратка во оваа куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Внимавај. Некоја книга. На француски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во имагинарниот свет, миличок, а за разлика од ова што го нарекуваат реалност, поетот нема никаква друга цензура освен онаа што самиот си ја наметнува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Видовме дека од Воениот суд биле судени велешки граѓани, кои, освен роднински, немале никаква друга врска со атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Немаш никаков друг план, никаде нема да одиш и ништо немаш намера скоро да правиш? – го испитувам теренот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ох, прости, се збунив – се досетив веднаш – згрешив, не ја барам мајка ми туку сестра ти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Овде нема никаква друга мајка освен мојата – остро рече девојчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, оваа што ви ја раскажав, нема никаква друга врска со неа, освен името на принцезата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А сепак, немаше никаква друга надеж освен таа јажена скала на верувањето, на довербата во Вера, која сега му беше единствената надеж.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие машини со никаква друга пара не работат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поуката којашто од германското и чилеанското искуство ја погодува хрватската ситуација е едноставна: никаков друг пат не води од тоталитарното минато во демократска иднина освен патот на артикулирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И кога ѝ беше мачно во животот, во меандрите на осамата на староста, таа, да ја оставиме во нејзиното „гнезденце“ („furiqkёn“), во која извираше светлината на нејзината душа, која не поднесуваше никаква друга сенка, па дури и од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќта осамна над кусата трева на пустелијата; немаше никакво друго движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)