нов (прид.) - век (имн.)

Формата веќе не вредеше како вечен идеал, туку како променлив модел, и затоа новиот век се нарекува „модерен“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Токму тоа е причината што проблемот на осознавање во новиот век е насочен кон сопирањето на интервалот меѓу броевите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Првата значајна уметничка револуција на новиот век започна уште пред смртта на Рафаел (1520). Корените ѝ се во Фиренца.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Средбата со уметниците и писателите - пред сѐ со нивните дела - треба да ни го овозможи заклучокот за тоа што стои во "суштината" на овој исконски гест, што стои во поривот да се отфрли класичното токму на крстосниците, на почетокот на новиот век или во нашево време.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На чардаците на некои соништа висат пајаци Не можат да ги разберат мрежите на новиот век, а и не можат да се видат во огледало – колку омлитавеле, огрделе, снеможеле.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од друга страна на интелектуално апологетски нивоа, нашата, македонска историја на уметност (особено на новиот век - од ренесанса до денес) е толку сиромашна,особено во оние неколку векови во кои е профилирана европската цивилизација (периодите на ренесанса, барок, класицизам и реализам) што помислив - би требало нешто од тие празнини и да се пополни.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од антиаристотелизмот настанува еден “прогресивен” анти-традиционализам, а од таа критика на Аристотел настануваат зачетоците на “новиот век”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На почетокот на новиот век, човекот барал нешто што нема да лаже и мислел дека тоа го нашол во некое јасно, прецизно и дисциплинирано нумеричко мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Токму тоа е причината што проблемот на спознанието во времето на новиот век е насочен кон запирањето на интервалите меѓу броевите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Затоа мораме при размислувањето за дигитализацијата нужно да појдеме од почетокот на новиот век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Облиците не им важеле за вечни идеали, туку за променливи модели и затоа новиот век се нарекува „модерен“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Низ историјата формалното мислење му било подредено на процесуалното и дури во почетокот на новиот век дошло во преден план како „аналитичка геометрија“, т. е. како во броеви вкодирани геометриски облици. 112 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секако дека тоа не е сериозно прашање, зашто нè вознемирува откако нашите очи станале неверни, значи барем од предсократовците наваму, иако ја добива својата вистинска острина дури на почетокот на новиот век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
По новите векови изолација под Византиската, Отоманската империја, следеше големата изолација предизвикана од Империјата на сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потем А.А. седна. Му даде знак на Х.Х. и тој да седне, па смирено продолжи: - Треба да ви биде засекогаш јасно дека комунизмот завладеа во нашиот век и ќе продолжи сигурно и во новиот век.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никој умен не можел да поверува дека во новиот век, посебно во епохата на сталинскиот комуни­зам, жртвувањето ќе воскресне во нови невидливи облици и размери, нескротливи во ниту еден мит и легенда како во минатите векови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога сѐ ќе биде готово, ние со полковникот ќе излеземе на мократа зелена ливада, ќе ги собереме од тревата шаховските фигури и ќе ги распоредиме врз таблата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 81 илустрација: VALERO DOVAL “)))ƚ))ƚ ƥƪƟ)ƚ” 82 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Други дела: Шапка од рибина кожа (љубовна приказна, 1996), Стаклен полжав (приказни од интернет, 1998), Кутија за пишување (1999) и романите Ѕвезден плашт (астролошки водач за неупатени, 2000) и Уникат (2004).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој ’лексикон’ во 100 000 зборови, критичарите и публиката брзо го прогласија за незаобиколно четиво на новиот век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако детската уметност не беше единствениот извор на инспирација на овие модерни уметници, нејзиното влијание е неоспорно (макар што денес одвај се спомнува во модерните учебници).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Претходниците на новиот век ја толкуваа детската уметност како симнување на наслагите од блазираната Европа од крајот на минатиот век и откривање на закопаното, под фино обработената фасада.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе прашуваат: каде ќе го чекате новиот век, што мислите за векот што изминува?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во почетокот на новиот век војната и се закануваше и на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа беше критична кон Европа која во својата богата историја, од која произлезе модерната западна цивилизација, не можеше да се ослободи од војната, туку беше и предизвикувач на светските конфликти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц го следеше патот на моето семејство во текот на еден век низ балканските граници бегајќи од војната.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дух на новиот век со кој се отелотворуваат на илјадници кревети во сите „Хајати” и „Хилтони” на светот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)