нов (прид.) - војна (имн.)

Госпоѓата Michelina ја преживеала втората светска војна, првата независна држава Хрватска, комунистичка Југославија, втората независна држава Хрватска, новата војна, и веројатно знае што зборува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа дојде нова војна - војната во СФРЈ, А Лабрис упорно се размножуваше за конечно да се претвори во комплексен визуелно-литерарен постмодернистички лавиринт без крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Насекаде цветни булки и актери за нови војни на летата јужни.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Но по навестувањата за можноста од нова војна, кон крајот на триесеттите години стравот во Америка од фашизмот и од „комунистичката петта колона“ бил причина Франклин Делано Рузвелт да се заложи за поголема координација на разузнавачките оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа ја беше разбрала длабоката смисла на постојаното мајкино прашање-рефрен: дали ќе има војна, дали ќе има војна!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не одговарав на некои директни информации, често добивани од едностраните официјални или приватни медиуми. Ѝ испратив еден прилог во француски превод, во еден мултиетнички Форум, кој се објавуваше во водечките весници во Република Македонија на македонски, албански и англиски јазик, за да ги извлече самата релевантните заклучоци, во контекстот на мојата балканска сага...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дури некогаш и да се разбереше кога ќе завладееше војната, фантазијата за новата војна резистираше предолго.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Изгубив! Но храброста нова војна објавува Тие што се откажуваат Никогаш не победуваат!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но зар сѐ она што се случуваше по нашиот пораз: новите војни, новите прогонства, новите несреќи, не потврдуваат...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)