нов (прид.) - војска (имн.)

Има многу, многу да се каже: јаничарите ја претставуваа најславната османска воена формација, познати како нова војска, составена главно од туѓи поданици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ги зајакнуваше командантот положаите, довлечкуваше нови војски.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Погледот му остана прикован за една дива пчела што натоварена со леплив полен полетуваше од еден и слетуваше на друг цвет губејќи се во раскошната крошна на расцутеното дрво.  Наскоро во градот влезе нова војска, се формира окупациона власт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Каква ли е таа нова војска? - прашуваа нивните очи, а кога се доближивме до жените, тогаш некоја викна: Коле!!!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зарем секогаш мораше да никне една нова војска (јаничари) која ќе брани еден нов поредок заведен од лажните и обврзни идеали на владејачките елити кои не се ослободуваа лесно на Балканот од деспотската матрица на владеење, убаво и цврсто наследувана од поранешните императори!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу време помина во разјаснувањето на поимот јаничар (кој етимолошки според турскиот збор значеше - нова војска), чија генеза на постоење под други имиња но со иста логика за употреба на војската (со кастриран идентитет) за да се овековечи владеењето на империјата, им беше позната уште на првите империи во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големите империи во основата трагаа по воспоставување нов континуитет со нова војска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Велеа дека се формира нова војска, партизански.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние во подруми. – А кај беа нашите борци, нашата власт, Мајко? – запраша најстариот брат. – Сите думан фатија. Ќе се организирала нова војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)