нов (прид.) - вработување (имн.)

Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во врска со ограничувањето на новите вработувања и работата на странците во случај кога тоа предизвикува негативен ефект врз економијата и стапката на вработување, се предвиде и заштита на домашната работна сила од работодавачите кои би вработувале првенствено странци преку неиздавање на работни дозволи на работодавачи кои што тие ги бараат за ангажирање на странци, иако таа работна сила можеле да ја обезбедат во РМ (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)