нов (прид.) - епизода (имн.)

Дефинитивно, бев убеден, ова е нова епизода од Скриена камера.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Затоа, новите епизоди од мојот живот ќе ти ги раскажувам дел по дел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка, разбирливо, престана да ра­боти во киното „Балкан” велејќи дека сега треба да го на­дополни загубеното време во куќата и во грижата за нас, децата, особено во однос на нашето школување кое за неа претставуваше нова епизода во мисијата на нашето спасу­вање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го завршив серијалот. Секоја нова епизода ја запишав токму овде, за да остави неизбришлива трага од мене. За да не ја однесе ветрот. Впечатливи копнежи на несмирени лавовски грла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)