нов (прид.) - жртва (имн.)

Она што остана е долгиот нос на деценијата што виси над амбисот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Алкохолот, дрогите, сидата и дрскоста (Четворицата јавачи на апокалипсата на осумдесетите) немилосрдно беснеат и штотуку однесоа нови жртви.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секако, и понатаму се заработу­ваат пари, неш­тата се купуваат, животите и талентите безвредно се трошат, љубопитноста умира, но ништо, апсолутно ништо не се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Веруваше дека, најпосле, ќе ги поврзе тие времиња, поради кои луѓето останале разделени делејќи нешто заедничко, меѓу нив, што не можеше да се раздели, а што постојано предизвикуваше нови жртви.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Режимот не можеше да опстане, а ни идеологијата со него, ако постојано не се измислуваа нови жртви.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше причина џандарите да најдат нови жртви за тормозење, а Метакот конечно да здивне.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се уште во длабочините на моето постоење кога копнеам по љубов, кога душата ми е разгалена доволно ранлива за да ме повредиш уште еднаш, кога осаменоста ме обзема, кога болка ми го пара срцево по изгубените спомени, кога тагувам за изгубеното време, а можевме да бидеме среќни заедно, само не знаевме како.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Времето е гладно за нова жртва заскитана по патиштата на сопственото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беа премали и претесни некогашните олтари за новите жртви.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа новите жртви на неговиот народ натеран на нови селидби и на светско расејување што продолжило и наредните векови од новото време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но се чини дека денес во светот генератори на новите жртви не се религијата и идеологиите, туку несогледливата и незапирлива консуматорска експанзија во развиените земји, како и национализмот, во напорите да се истрае во задоцнетото создавање на државата-нација, како што впрочем се случува на Балканот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Литературата ни нуди чудна, мистериозна утеха, понекогаш можеби опасна во своите предвидувања, но спасоносна и ослободувачка...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа е времето, кога според Камиј Демулен, револуционерите- фанатици го оживуваа култот на масовното и крвожедно жртвување, како некогаш мексиканските свештенички кои барајќи нови жртви, во Монтезума извикуваа: Боговите се жедни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, колку и да ја отклонуваше својата мисла од Игоровата, кога говореше за Беломорскиот канал, со нетрпение ги очекуваше новите аргументи за апсурдната градба на Сталиновата водена пирамида, свесен дека тоа ќе му послужи за да ѝ избега на историјата, кога сталинизмот на Балканот се вестеше од сите страни и го бараше патот кон новите жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мораше да се смалува времето со кое ќе се пристигнеа отидените напред, секогаш со нови жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Едната страна не е баш најзадоволна но вака барем нема да има нови жртви.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)