нов (прид.) - земја (имн.)

Книгите му беа нови земји, мориња и неба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Првин станавме политички емигранти, за потоа да се здобиеме со државјанството на новата земја, федералното и републичкото, за потоа да станеме припадници на малцинство, па на народност (поради тоа што имавме и матична татковина)!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во новата земја, на другиот брег од Езерото, Југославија односно Македонија, Татко нѐ спаси од фашизмот и подоцна од сталинистичкиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еден круг необично сакаше да патува и воопшто да трага по нови земји, задоволства и предизвици, реши да се подели.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Откриени се нови земји, ибн Тајко, тоа е важно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И новата земја што ја претставував во Франција, како десети дел од некогашната југословенска федерација, Република Македонија, природно не покажуваше интерес за комплицираното и за неа некоњуктурно палестинско прашање, макар што обете земји на некој начин се судруваа со слична судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има суштини во животот кои во екстазата на нивното случување се впиваат во душите и пред нив зборовите се немоќни, можеби понекогаш и еден вид сквернавење...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше трагач по нови земји и нови народи, желен светот да го обедини!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Ви прераскажувам јас што толку долго бродев Што видов нова земја и ново небо што видов И пак што се вратив одново за да бродам.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)