нов (прид.) - информација (имн.)

Сигурно до него допрела некоја нова информација од партиските историчари, па се сменила и неговата стратегија кон Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Новата информација од главната сестра ги упати во собата кај дежурниот лекар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа бил уапсен од Германците, тие лошо се однесувале со него, бил ослободен и оттогаш бил во Унгарија, од каде што била добиена и доставената информација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истиот ден ДХ42 добила нови информации и го известила СО2 дека спротивно на претходната информација "Михајлов го поминал целото свое време во Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Брзината и беско­нечната интерактивност се карак­теристики на таа структура, што значи дека погледите постојано се менуваат и постојано кршат, дека естетските стратегии постојано се расплетуваат на безброј страни, внесувајќи постојано нови информации и во својата желба да видат зад, а всушност сè повеќе празнејќи го телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не само што можеме животот да го расчлениме на неговите составни делови, да наведам само два особено вознемирувачки примера, на гени, и да го анализираме, туку можеме тие гени со генетска технологија пак да ги составиме во нови информации и така да создадеме некое „вештачко живо битие“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Типично за тој временски слободњак е што тој ги комбинира храброста со големото љубопитство, и со крајното самопочитување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој период во историјата произвел име и херојска легенда за моќниот, упорен, креативен поединец што ги испитува новите граници, собира и донесува нови информации и се наметнува како водич низ генскиот пул* до следното ниво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не само што животот, да наведам еден посебно Маргина 35 137 вознемирувачки пример, можеме да го раздвоиме на неговите составни делови и да го анализираме, туку со генетската технологија можеме повторно да ги составиме во нови информации и на тој начин да создадеме ново “вештачко живо суштество”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Односно: биомасата, благодарение на дефектното копирање ја обработува својата складирана информација и со тоа создава нова информација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пријатно сме изненадени! За ваша возраст многу знаете - но секојдневно добиваме нови информации.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Луѓето кои користат кибертехнологија за да донесуваат брзи одлуки во својата работа, нема да си отидат после работа дома за пасивно да им дозволат на постарите okno.mk | Margina #32-33 [1996] 58 политичари, менопаузни мажи, со затворени умови, да донесуваат одлуки наместо нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие меѓусебно се стимулираат за постојано усовршување и реформатирање на своите умови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие ги вдишуваат новите информации како што вдишуваат кислород.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)