нов (прид.) - класа (имн.)

Тие мораа да станат – нова класа! Така беше наредено, планирано.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На овие гласови им се спротивставуваа други, според кои татко ми бил фанатичен противник на социјализмот и комунизмот, класен непријател кој не сакал да се солидаризира со новата класа, од „спасените козари”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови не­природни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)