нов (прид.) - населба (имн.)

Вака почнува животот во новите населби, зјапаше, низ дождливата завеса, во застаклените дупки на прозорците, без жива душа зад нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А на три дена по Гурѓовден ги зеде за рака децата, ги поведе двете баби по него и со тоа пљачката што остана, на грб, ја премина еднаш засекогаш Црна на Чебренскиот Мост и се исели од Старавина, заселувајќи се во новата населба Пештани во Мало Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Не треба само да критикуваш. Со доселувањето во оваа нова населба и ти стана скопјанец.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Направиле гу улицу како писта за полетање. Штета, црвено. Малку ќе причекамо...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)