нов (прид.) - обврска (имн.)

А и Мајка не легнуваше пред Татко, постојано си наоѓаше нови обврски.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше времето кога младата македонска дипломатија ја понесуваше мисијата на нови обврски во врска со приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да станам амбасадор на новата Република Македонија, на 19 февруари 1993 година бев ангажиран во дипломатска мисија во земјите на Магреб.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ваквата новација значеше бришење на дотогашната законска забрана за полова дискриминација во делот на остварувањето на правото на работа каде се нормираше дека и жените и мажите можат да бараат од работодавачот продолжување на договорот за вработување до навршување на 65 години старост; в) Кај прописите за заштита при работата беа воведени две нови обврски за работникот и тоа: ● со измената на чл. 32, освен дотогашната обврска на работникот да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, како и да го штити неговиот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица, беше воведена нова обврска, која нормира дека обврска на секој работник е да постапува согласно обуките и „инструкциите“ кои му се дадени од работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за нивна примена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дополнително беше воведена нова обврска со која на работникот не смее да му се открие било каква информација која е од деловен интерес(!) на работодавачот, а јасно била кажана во доверба!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)