нов (прид.) - облека (имн.)

Ги затворам очите во сандаков и можам да те видам таму - во сето тоа светкање, во кристалниот лавиринт на бутици, во мирисот на новата облека.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На денот на приредбата сите бевме во нова облека.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Само ти знаеш Како се губиш сега како потонуваш Во убави години во бели кошули Во бели насмевки во бела книга Само ти знаеш како потонуваш Во нова облека во свежи улици
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
За нова облека не сакал да троши пари, бидејќи дошло времето да умре.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Познавајќи ја неговата “скржавост“, неговите другари од Солун му напишале да купи нова облека и да се облече подобро и задолжително да патува со вагон од втора класа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сакам да имам нови облеки и многу облеки, да ми е преполн креденецот, да не знам која да ја одберам кога ќе го отворам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А не вака, сѐ истите, па истите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше стегнат во нова облека, исчешлан и сиот некако мазен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му напишав уште дека еднаш во месецот ќе му праќам нова облека и храна, а ако ми испрати стари пљачки, ќе ги перам и ќе му ги враќам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ангеле ја облече новата облека, но кога требаше да се раздели од своето бело кошулче и танките гаќиња, душата му се натажи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти ќе се вратиш, Рајнер, му велев, реката беше само едно големо чистилиште, ме слушаш ли, Рајнер, тоа е само отпловување, и јас ќе те чекам на крајот од реката, Рајнер, ќе те чекам онаму каде што таа се влева во друго постоење, знам дека си тука, Рајнер, еве ја мојата рака, погледни ја мојата рака, Рајнер, сѐ ќе биде добро, верувај ми, кога ќе заврши твоето пловење, кога ќе излезеш од реката, ќе треба само да ја промениш облеката, ќе треба да облечеш нова облека, и се ќе биде добро, верувај ми, Рајнер, верувај ми, како што јас си верувам на себе, еве ја мојата рака, Рајнер, фати се за мојата рака, и јас ќе те извлечам, а потоа ќе тргнеме кон поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги кажував тие зборови во себе, со затворени очи, и ја испружував раката кон Рајнер, а раката ми удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Попладнето ме облекоа во нова облека и ме зедоа за рака за да седнам до неа. Ѝ стоев над главата нем и скаменет.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Попладнето ме облекоа во новата облека.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пред празници, особено пред Бајрам, таа собираше од сите нас стари, но и нови облеки и им ги делеше на сиромашните семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А кралот како шеташе гол, така шета и сега.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа предлагам никаква облека да не се шие.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една година шеташе, две години шеташе, седумдесет години шеташе - и сѐ гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Министерот за идеологија вели: не, работата така okno.mk 197 нема да оди, ако ние на кралот му сошиеме нова нова облека, тогаш кога народот ќе го види, ќе рече дека старата нова облека не била облека, то-ест дека тоа било сосема ништо, то-ест, ќе речат, кралот бил сосема гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите седумдесет години сите луѓе на кралот тврдеа дека нашиот крал има нова облека. Прекрасна облека. Најдобра.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нека новата облека не биде толку елегантна како старата, но сепак, на кралот ќе му биде топло.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Премиерот вели вака: секако, нашиот крал има мошне елегантна облека, но заради текот на возраста и доаѓањето на привремениот студен бран јас предлагам на кралот да му се сошие нова нова облека и таа да се носи над старата нова облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа што никако не можат да му сошијат нова нова облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На крајот, се собраа кралските министри на затворен министерски совет и почнаа да мислат, што да прават.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Министерот за памук и лесна индустрија вели: уште повеќе што за нова облека ние во кралството имаме премногу памук и премногу хартија, со други зборови, ниту едното, ниту другото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)