нов (прид.) - потоп (имн.)

Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
ПАНАЈОТИС: (На вратата од манастирот) Виножито. Знак божји дека нема да има нов потоп.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)