нов (прид.) - прашање (имн.)

Во настанатиот молк, додека зачудениот гостин веројатно смислуваше нови прашања, Ване потстана и така гол до половината, со модрите јамки од ременот на акумулаторот, си ја подзеде торбата со потната маица врз неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во свеста ми шетаат тираните од страниците на есејот на Сјоран, неговиот горчлив и рационален песимизам, можеби произлезен од балканскиот трагизам, длабоко потиснат во неговата свест.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Снеже со нови прашања ја менуваше темата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си поставуваше нови прашања, додека ги примаше картите, без да ги гледа како порано.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во секој случај истиот тој ден но вечерта Иван самиот ми призна дека Даскалов му подрекол некои слични нешта, веројатно настојувајќи да пронајде оправдувачки околности во врска со исчезнувањето на неоткриениот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав впечаток дека Иван сфаќа оти од секоја изречена претпоставка произлегуваат многу многу нови прашања; дека постојат и премногу патеки, и дека секоја нова патека е всушност патека на заскитувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)