нов (прид.) - преселба (имн.)

Но не можеше, во мигот, да разбере дали го подготвува семејството за нова преселба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не беше време за нова преселба. Не беше време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа знаеше, во животот тоа повеќе пати ѝ се потврди: Татко исчезнуваше во својата библиотека и се враќаше со необични откритија само кога ќе го навасаше мисла за нова преселба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За нас, децата, тоа беше јасен знак дека на Татко работите му одат добро и дека не помислува на нова преселба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По многу години, како во времињата кога смислуваше нова преселба, го сврте глобусот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа разбра дека тие книги треба да се носат при новата преселба на семејството која се вестеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој си ја имаше целосно разработено стратегијата за новата преселба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само ним можеше да им ја довери семејната стратегија на новата преселба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)