нов (прид.) - реченица (имн.)

Кога требаше да почне нова реченица, дишеше низ нос или кога ќе ѝ се истрошеше здивот, пак го употребуваше носот за да земе нов и продолжуваше со мислата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека ја кастри оградата, додека собира лисје по дворот или плеви меѓу цвеќињата, тогаш нему меѓувремено му паѓа на памет некоја измена во некоја реченица, нешто инаку да го каже, некоја нова реченица да уфрли, да додаде, реченица со којашто ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од истргани зборови прават нови реченици што ќе ме обвинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)