нов (прид.) - систем (имн.)

Вклучен во новиот систем на комуникации едно попладне туку така под облака добив СМС порака: Се гледаме вечер на саем.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во пореметениот, сексуално кастриран или просто, новиот систем на вредности - може да се случи погледот на мисирката полничка како харемска убавица, која лежи оптегната (секогаш на грб!) во фризовите на американските самопослуги, да предизвика црвенило, а погледот на набилданиот мускул - лиги на уста!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Војниците го засакаа новиот систем.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Првото остварување на литературата во хипертекст е романот на Мичел Џојс, Попладне (Michael Joyce, AFTERNOON), настанат 1987. на флопидиск, а потоа (1990.), од страна на самиот автор, преобликуван во нов систем - читател на приказна во простор.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не се влегува во нов систем со стар авторитет, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ваквата супституција на фонетските значења е мотивирана со тенденцијата за зачувување на парадигматиката на системот-прототип во новиот систем, и тоа, за да се дојде до изоморфна репродукција на бројната вредност, изразена низ букви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таков случај, во одново создаденото писмо настанува замена на фонетските значења на системот на писмото-прототип со фонетски значења специфични за дадениот јазик и притоа се сочувуваат местата на знаците во алфабетската низа, кои се наследени од парадигматиката на писмото-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Аналоген карактер има и создадениот приближно во исто време готски систем на писмо, при што како и во случајот со коптското писмо, така и настанокот на готското писмо е сврзан со прифаќањето на христијанството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Визиготскиот епископ Вулфила (Wulfila, грч. Ulifilas, 311-383) за потребите на преводот на Светото писмо се откажува од користењето на старото монументално рунско писмо, кое меѓу другото, се сврзува со пагански претстави, и создава нов систем на писмо - готски алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Христијанската култура во Египет се оформува веќе врз почвата на домашниот новоегипетски коптски јазик, кој од сложениот систем на египетската демотика преминува кон нов систем на писмо, заснован врз грчкиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 91 Со воведувањето на христијанството како официјална религија, во Египет како официјален државен јазик се развива новоегипетскиот јазик, кој од времето на египетската кампања на Александар Велики се потиснува од грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа е разбирливо значењето на пронаоѓањето на консонантно-силабичкиот систем на писмо, со што започнува нова етапа во развитокот на писмото и се подготвува почвата за формирање на квалитативно нов систем на писмо, алфабетот. 88 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
 2 Сепак тоа, барем во Македонија, не предизвика посериозни преиспитувања на увереноста дека новиот систем (капиталистички или пазарно-економски) сам по себе е фаличен.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дваесет години подоцна јасно се гледа дека новиот систем значително потфрли во остварувањето на економските очекувања на македонските граѓани.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со метод на микроорганизирање секое дете го прати, но и цел клас знае и лесно ќе сфати децата се радуваат, со новиот систем се знае пеејќи на глас што долго во иднина ќе трае.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ова исто така може да резултира со нов систем на асоцијации надвор од подрачјето на веќе воспоставените, канонизирани форми“.143 Според Димитријевиќ, уметникот е првенствено некој кој дејствува во јавен простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
113 преку тоа да постигнат ни помалку ни повеќе туку еден поинаков начин на размислување и делување: „Доколку човек се соочи со нови содржини во рамките на старите форми на презентација, и доколку постои можност тој да ги разбере, може да се претпостави дека во иднина тој ќе почне да се сомнева во исклучивоста на еднонасочните информации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Големо е страдањето на слободољубивите луѓе на оваа планета, и огромна е сега потребата што нѐ гони да создадеме нови системи на владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)