нов (прид.) - ситуација (имн.)

Татко ја насети деликатноста и комплексноста на новата ситуација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа е секогаш во нови ситуации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со целата своја нерешителност, а и заради новата ситуација, откако кај него се пресели Марша, сфаќаше дека да ги посети Марија и детето, ќе биде сè понеостварливо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нека се навикне на новата ситуација.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие сметаа дека карпите и ридовите на Пинд се неразрушливи тврдини и сега, како што гледате, имаме нова ситуација која ни налага нови проценки и нови решенија...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)