нов (прид.) - стапица (имн.)

И сега, во овој град, колку и да го занесуваше мислата дека тој бил капијата на Ориентот, мораше да се соочи со реалноста дека, доколку стане социјалистички судија, со отоманска диплома за правни студии и со цариградско адвокатско искуство, влегува во нова стапица.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Патниците одвај се спровираа меѓу нив, заглавувајќи во нови стапици додека ја ослободуваа задната нога од старата стапица, па често им остануваше некаде зад нив некој чевол или опинок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со снегот го снемало, фатил џенем или се присокрил негде за нови злосторства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прибираше сили уште нешто да пронајде во себе, некоја нејасност, некоја причина за паѓање во нова стапица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев преморен за нови вербални дуели, нови стапици. Не реков ништо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)