нов (прид.) - улица (имн.)

Ќе влезе во нова улица, како човекот со кучешката замка в раце што влага од еден ден во друг.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По стотина поминати метри се врзува за друга нова улица која тече покрај канал.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не успевам Се обидувам да создадам нови спомени, да зачекорам по некоја нова улица, да допрам нечии други раце, да бакнувам други усни, да вдишам нечиј друг воздух... но не успевам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нови куќи, нови улици и хотели, но не најдовме место за одмор по целодневното патување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој е претворен во огромно градилиште во кое се наѕираат нови улици, авении, плоштади нова архитектура, која целосно ќе се разликува од таа на „Карл Марксовата Авенија“, денес единствено оформена артерија во Источен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)