нов (прид.) - форма (имн.)

Помина со рака преку лицето, обидувајќи се да се препознае во новата форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чашата на животот ми е полна со спомени кои вечно ќе го топлат мојот дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Залудно ја измачувам душава, залудно барам нови погледи, тоа е како на сенките во ноќта да им дадам нова форма и кога не можам повеќе да ја трпам болката, плачам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова не е за да се минимизира индо-муслиманската ситуација, туку за да се каже дека индиското дисјунктивно колонијално и постколонијално искуство создаде нови форми на живот кои се функционални, без санирање на културните разлики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ова е нова форма на војна, и сите идни војни, сите идни несреќи ќе бидат војни во живо и несреќи во директен пренос.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Критичарот Владислав Ходасеевич сметал дека со отпечатувањето на романот „Дар“, Набоков ја завршил својата романсиерска должност и дека сега треба неговата уметничка вселена да се облече во нова форма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Плени во допирот, во женствената мекост при раѓањето на новата форма.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Која е природата на таа темпоралност?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и ако новите технолошки предности не ни даваат чиста брзина, се осмелувам да кажам дека тие се индикативи за нова форма на темпоралноста, современото чувство за подесување на времето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мултимедијални волшебници кои експериментираат со нови форми на репродуцирање и трансмисија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Да погледнеме како случајот на Кулик го поткопа наивното верување во идејата за уметнички дијалог, и како е преформулирана целата дилема за уметничкиот однос меѓу Исток и Запад Interpol изложбата во Стокхолм е презентирана како обид за воспоставување дијалог и нови форми на комуникација помеѓу уметниците од Исток и Запад.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Хундертвасеровиот концепт“, пишува Варламис, „ги воведува архитектите, инженерите и работниците во потполно нови форми на заедничка работа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Асоцијативни тези: - и по петнаесет столетија Стоби е осамено и мисли на сопствениот расцвет; -носталгијата се зголемува пред свеста дека минатото не се враќа туку се обновува во нови форми; -човекот, Стоби, човекот; -барајќи ја одново втората половина на дваесеттиот век се наоѓаме во состојба во којашто се измешани старото и новото време; -мртвите жители на Стоби се билките и тагата, урнатините што ги прават убави и живи; - Стоби живее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(...)Нови форми и граници чиешто значење е нејасно или 50 Бауман (и низа други теоретичари) го преферираат терминот ’глокализација’ наместо ’глобализација’, нагласувајќи ја меѓусебната врска меѓу глобализација и територијализацијата/ локализацијата како взаемно исклучиви но истовремено и заемно поттикнувачки процеси.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Замислувам дека кога би се ослободиле од ова и кога таа нова форма би се применила на цртањето стрипови, би добиле некаков хибрид што во овој момент не можеме да си го замислиме, но нашите деца ќе го прифатат како нешто секојдневно.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)