нов (прид.) - центар (имн.)

Партијата на власт (меланж од Хард-рок тепачишта до тнр. „елитисти“), либерали-ротаријанци што не им пратиле ни пет кила леб на нивните сограѓани од Шутка, на пример, потенцијални нови центри на моќ збутани во екстремно жолти списанија, второкласни спортски клубови, море пиратирани филмови, телевизии ко видео-клубови - инертни и предвидливи, најнепрофесионалиот балкански државен весник „Н.Макетонија“ („Темница“ - популистичка глупарија, „Мртовечки здив во огледало“ - „независен“ лист со компактно најступидните колумни во историјата на новинарството) - тоа е духот на оваа средина?! Се препознавате?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Културата (со големо К и во еднина) станала култури (без голема буква и во множина). (...)Но, постмодернизмот внимава на тоа маргиналното да не го претвори во нов центар бидејќи знае, според Баргин, дека „исчезнале апсолутните гаранции објавени од страна на најважните метафизички системи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И замина за Рим, да бара некој нов папок на светот, нов центар на вселената.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)