нов (прид.) - чекор (имн.)

Го избегна судскиот праг. Се упати кон реката, небаре за да земе воздух, некаков залет, пред новите чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Човекот е кревка, кршлива душа и тогаш кога е на ивицата од болката неодоливо посакува да ја заздрави и задржи и само апсорбираната надворешна енергија и светлина може да ги задоволат сетилата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сензибилните и префинетите чувствата со кои се храни човечкото срце се божествени и благородни, тогаш кога супрематијата, надмоќта на љубовта е најсилната потреба што не тера на нов чекор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Шишман сети како тој се зададе врз него и набрза да направи нов чекор, ама ногата му се слизна и, занесен така, потрча по сопствената тежина надолу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На овој рид ќе те оставам и кога ќе заминам пак да те гледам Голема. За неколку нови чекори недостижност ме остави утринава зад тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Одам по долината и додека таа се шири за нови чекори сонот ми се згуснува за нови возбуди во стари непреоди во кои се оди долго.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мораше да е многу внимателен, претпазлив за да не предизвика уште поголема штета и затоа не брзаше во превземањето нови чекори.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сеќаваше како се заздишува при секој нов чекор по угорницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност таа извитканост на патеката што води над самиот амбис те принудува да внимаваш а тоа помага да се оддалечиш барем за момент од сите оние неугодни размисли што најчесто ги одгледува токму осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и нивниот број се намалува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
При секое поминување по оваа патека, помислувам дека е потребна полна концентрација не само на погледот туку и на секој нов чекор, а тоа истовремено збунува и вознемирува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште ова: при секој нов чекор кон мајка ми забележувам како се намалува гласноста на употребените зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во животот сè се подредува на разумноста и на потребата да се оцени секој нов чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Секогаш настојувам да бидам разумен и се трудам да го оценам секој нов чекор што ќе го преземам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Моите посетители со гласна смеа ми раскажуваа дека додека оди прави несмасно долги чекори како да прескока надалеку поставени камења преку некоја вода и како со горниот дел на телото вкочането се веднува како некоја дрвена кукла при правењето на секој нов чекор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги обесхрабрувал пред сѐ мракот, а по сѐ изгледа и неодржуваните дотрајани скали ковани околу стебло на топола којзнае како и за каква основа прицврстена (ако воопшто може да се помисли дека била прицврстена) да не го спомнуваме и она благо нишкање на скалите, губење на тлото под нозете како тонење в бездна, што претставувало неизбежно чувство при секој нов чекор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)