нов (прид.) - историски (прид.)

На тој начин токму тие го направија оној квалитативен исчекор којшто на чилеанското општество му даде нова историска перспектива.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За мене самиот поим е еден помошен израз, и тоа повеќе за опис отколку за категоричко именување на новата историска состојба; повеќе демократско двоумење на самиот поим самиот во себе да се утврди, отколку некаков недвосмислен знак, симболички орден врз шинелот на историското време.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, патот на јагулите кон север кон морињата, низ кои беше можен излезот со саканото враќање, зависеше од новите историски настани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)