нов (прид.) - национален (прид.)

А кој компромис и е новото национално македонско течење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Победата на Турците беше јасен сигнал за целиот свет дека новиот национален режим, заснован врз работата на Парламентот во Анкара, ја претставуваше највисоката власт, наследувајќи ја Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)