нов (прид.) - светски (прид.)

Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Би настанала вистинска јазична војна во Европа, па и во светот! Нова светска војна!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистината е Српска или ја нема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сѐ треба да се каже објективно и непристрасно: Србите се недолжни жртви на „новиот светски поредок“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таквите држави се тип на бебиња во глобалниот политички живот на планетата, а знаеме дека бебињата се апсолутен приоритет за хуманистичката свест (кон која се стремат инженерите на новиот светски поредок); колку што се бебињата послаби, толку грижата за нив е поскрупулозна.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој веруваше дека во комбинациите од букви го пронашол новиот светски поредок, и тоа многу години пред дадаизмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И еве нè сега, изложени како експонати на новата светска изложба на живи, а богами и мртви дорќолски, белградски и српски Сефарди и Ашкенази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги одведоа и нив со една група.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се насетуваа првите пукнатини на биполарниот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настапуваше нов светски поредок.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има и такви кои му забележуваат на Микеланѓело дека бил голем скапџија, божем тоа ги засега баш нив а не фамилијата Медичи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Демек, оттогаш кинисала скапијата и дека врз таквите призори од минатото се издигаат новите светски кризи и неизвесната иднина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
16. А ќе ми дојде на сон пропаѓањето на империите А тамбара-тумбара ќе почне да ми се прави во главата И да ми се парчосува сонот уште недосонуван Си мислев отпрвин дека тоа е заради историјата И дека толку многу историја не собира ниту во еден сон Особено не собира толку многу пропаѓања и распаѓања Вклучувајќи го и распаѓањето на Советскиот сојуз и Југославија Ама не било тоа бидејќи се покажа дека распаднатите состојки Полесно се ределе во еден сон и не предизвикуваат многу џимкања Работата била во тоа што на крајот на сонот за пропаѓањето на империите Неминовно се доаѓа до најновата американска империја А штом има империја нели има и пропаѓање на империјата И на малкумина им стиска да го видат и на сон пропаѓањето на Америка Поарно варди си го сонот од каква и да е помисла за пропаѓањето на Америка Додека да пропадне Америка сите ќе се претвориме во ништо И ќе им палиме свеќи на гробовите на Волт Витмен и Ален Гинзберг На времето пееја Америка и Енглеска биќе земља пролетерска Па ни пролетерска ни ѓаволи ни врагови стана Америка Зошто тогаш морало да пропадне Америка Божем во тековите не историјата нема исклучоци Што ги потврдуваат правилата И божем во секој сон за пропаѓањето на империите Мора да има и претсказание за пропаѓањето на Америка Од каде до каде такви сонови и претсказанија Се прашал ли некој кој ќе биде тогаш светски полицаец И се допрашал ли кој ќе испраќа војски во Ирак и Авганистан За да извезуваат слобода и демократија За да извесуваат и рестлови од новиот светски поредок А задолжително и локални парчиња од кои се прави приказната
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)