нов (прид.) - социјалистички (прид.)

Познати козари од планинските села, кои зад себе влечеа цели стада кози, со снажни прчови, се искачуваа на големата бина среде плоштадот, на која, по обичај, за време на големите паради, дефилеа и митинзи стоеја највисоките раководители на новата На­родна Република Македонија во новата социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко беше подготвен да му се препушти на денот во кој, конечно, требаше да стане нов социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Климент Камилски, некогашен докторант на Сорбона, шпански борец, познавач на повеќе балкански и европски јазици, ги имаше сите потребни кавалитети, но и многу повеќе, да биде еден од моќните во новата социјалистичка држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Работите не одат на арно! – го промени веднаш текот на разговорот татко ми. – Со Сталин или без него, ние остануваме со нашите кози! – пресече Чанга. – Но независно од Сталин – продолжи татко ми – кај нас сигурно нема да доцнат „плановите за новата социјалистичка изградба”, кои секако ќе ги зафатат и нашите кози. – И во мене нешто коби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Остануваше само уште да го стави конечниот потпис врз решението со кое, подоцна, Татко, по формалниот испит, ќе биде именуванза нов социјалистички судија на Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)