нов (прид.) - среќен (прид.)

Едно остана во очекување пред можна нова среќна случајност...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети Окјар се надеваше дека внукот ќе го прифати предлогот на Ататурк и дека набргу со својата мајка од родот на Фетиевци и со својот татко, припадник на Старовите албански бегови од Поградец, со братот и сестрите ќе се најдат во Цариград со нова среќна, бериќетна и ветена судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но ќе мораме да се избориме за нов живот, зошто утре не чека ново утро, вистински пријатели и можеби ново среќно заљубување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)