нов (прид.) - турски (прид.)

Се преземаа нови турски зборови и кованици од лексичкиот фонд на семејството алтајски јазици: туркменскиот, узбечкиот, азерискиот, казачкиот, киргискиот, татарскиот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ги задолжи Албанците со книгите За албанската албанската азбука, Албанската граматика, како и неговиот програмски текст Што била, што е и што ќе биде Албанија (објавена во Букурешт во 1899), драмата Беса и многу други, додека новата турска култура ќе ја задолжи со Толковниот турски речник (со близу 45 000 зборови).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ќе стигне во Анкара спроти историската битка во Сакраја, која беше решавачка за независноста на новата турска држава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Запре крај речниците на Сами-беј Фрашери, основоположникот на културната преродба на Албанците (Rilindja), но и на новата турска преродба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да ја оствари конечната цел во создавањето на новиот турски човек, тој требаше да ја отфрли не само арапската азбука туку и исламските јазични влијанија, кривичниот и граѓанскиот законик, календарот, дури и облеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во новиот турски, односно прочистен јазик, според радикалните реформи на Ататурк, немало стари зборови од туѓо потекло кои баба Хазбије, ги научила во животот заедно со јазикот на страдањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ататурк го именува Али Фети во октомври 1921 година за министер за внатрешни работи на новата турска влада, но тој ќе се најде и во пресудните преговори со Франција и Англија, кои дотогаш ја чинеа најжестоката алијанса против Мустафа Кемал и неговите соборци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некогашниот дипломец на Цариградскиот универзитет, ја напушти кариерата во високата хиерархија на новата турска администрација со препораки од самиот Ататурк по средбата со него (за која никогаш не говореше, особено во сталинскиот период), беше префинет познавач на старотурското арапско писмо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се приврзуваме за ликот на таткото кој, дипломец на цариградскиот универзитет, ја напуштил можната кариера во администрацијата на новата турска држава и покрај препораките на Ататурк.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)