нов (прид.) - јавен (прид.)

Откако ќе се запознаеја со тие луѓе, со нивниот поголем пркос, со нивната софистицираност и самоувереност, новодојденците од провинциите честопати наидуваа на сериозни предизвици за своите претпоставки, вредности и претстави околу вистинскиот начин на кој треба да се живее, да се биде геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не си сакал да се изложиш на нив, но многу избор немаше. ‌„Сѐ уште се сеќавам на страшната, вртоглава возбуда од моите први харања по геј-пабовите и по геј-клубовите“, пишува Џун Томас во извонредниот омаж за улогата на геј-барот во геј-историјата и за геј-заедницата, „на трепетот од пронаоѓањето други лезбејки и геј-мажи во сета таа нивна прекрасна, тмурна, сјајна, лигава разновидност“.442 И како тоа да не беше доста, новата јавна геј-култура практично гарантираше дека луѓето што се селеа во некоја геј-енклава ќе запознаат многу старовремци кои знаеја поискусно да бидат геј и кои во таа работа беа пософистицирани од нив. ‌А згора, тие ветерани на урбаниот геј-живот честопати имаа фрапантно милитантни, бескомпромисни, антихомофобични, антихетеросексистички и антиглавнотековни политички гледишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа значи дека беше изложен на многу разновидни идеи за тоа што значи да се биде геј и на многу разновидни стилови на геј-живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имаше да се носиш со различни луѓе со секакви општествени потекла, од разни телесни типови, со различни појави, со разни родови стилови, од разни општествени класи, со разни сексуални вкусови и практики, а понекогаш (така им беше на Белците) и од разни раси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сликата за јавноста создадена од овој псевдо- јавен простор е јавност што е пасивна и рецептивна, каде потенцијално опасната општествена хетерогеност на мноштвото е хомогенизирана.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Немаше тука бирање со кого ќе се дружиш и дали ти биле по мерка, дали биле од оние типови што ги цениш и што би сакал да ти бидат пајташи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јавноста е претворена во идеален потрошувач, а јавниот простор со тоа е сведен на стока, со што приватизацијата од страна на комерцијалните интереси станува нов јавен простор. 89 Don Mitchell, The Right to the City: Social Justice and the Fight for Public Space (New York: Guilford Press, 2003), 128. 79 3.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)