нормален (прид.) - или (сврз.)

Но моделот на човечкиот живот што го претставува и што таа го промовира како хоризонт на стремеж за секој исправен човечки субјект, нема да го снема со озаконувањето на геј-бракот и со можноста на нехетеросексуалците отворено да служат во армијата на САД. ‌Ете зошто квир-политиката е толку многу подалекосежна, толку многу попреобразувачка од политиката на геј-правата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, ова биомедицинско гледиште не нуди место за пациентите кои имаат физички симптоми, а сепак психолошки се сметаат за нормални или пак, после опсежни медицински испитувања, се покажало дека не се толку болни колку што се жалат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така ќе можевме да зборуваме за машкиот геј- субјективитет, да ја испитуваме неговата особеност, а можеби дури и да ги дефинираме својствените начини на чувствување што ја сочинуваат, без да се грижиме дали поради нашите заклучоци геј- субјективитетот некому ќе му изгледа нормален или ненормален, здрав или болен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето. ‌Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-живеењето не се согласува лесно со основните премиси на хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Бидејќи логиката на сексуалниот поредок досега толку длабоко се вкоренила во еден неописливо широк спектар на општествени институции и бидејќи се вкоренила во најстандардните прикази на светот“, забележува Ворнер, „квир-борбите не се стремат само кон толерантност и кон еднаков статус туку и кон предизвикување на тие институции и прикази“.468 Квир-политиката нишани право во срцето на нашиот модернитет. ‌Геј-мажите, како сите настрани, нужно се откинати или отуѓени, барем донекаде, од хетеронормативната култура, како и од примените облици на лично и општествено живеење што хетеронормативноста ги обликува, ги издигнува и ги нормализира, правејќи ги „главнотековни“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)