ноќен (прид.) - кралица (имн.)

M Нора, одреден дел од таа, хм, скопска сцена во тебе гледа сосема автентична ноќна кралица, снажна, пред сè, мошне талентирана, прилично информирана, но и сиромашна ко Снежана и за сега без вистинска шанса; сето тоа само ја зајакнува аурата околу тебе или, обратно, те слабее?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеш и сакаш да го носиш товарот на таа трнлива круна на подрумска принцеза или би му фурнала малку мускулеста светлина на тоа слабичко телце?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Има само подземни кралици“, ја поучивме Нора, „ова горе скоро и не постои“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еве ви ја, ѕверови, пар полу-крвави парчиња (затоа што Нора знае да се чува, сепак!) од едно време ноќната кралица на овој наркотизиран-некротизиран (што од глупост што од друго) град, така да знаете, принцези, флуоресцентната техно- круна се тркала низ скопските канализации менувајќи ги главите на жабите, само треба да се најде, на Нора во меѓувреме ѝ пораснаа стапалата, ех.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)