ноќен (прид.) - маска (имн.)

На крај се нашлака со ноќна маска и триејќи си ги дланките една од друга легна на грб, мирна како на лекарски преглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека ја миеше ноќната маска од лицето, се сети на Фотевото бладање и заклучи дека е најдобро да не му спомнува ништо за тоа; тој одвај ли знаеше дека зборувал насоне, а уште помалку се сеќава не само што зборувал туку и што сонувал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)