ноќен (прид.) - птица (имн.)

Во густежот на стариот даб, скриена меѓу лисјата, со тенок, долг и зарипнат глас, заграчи ноќната птица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Над главите им прелета буф или некоја друга ноќна птица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Браво: Па што, утро е. Време кога ноќните птици се враќаат дома. На спиење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Слегов по едни скали длабоко надолу и застанав пред мала рецепција пред која, во излижани фотелји од скај, седеа две дами, две од ноќните птици на квартот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татарот уште само ги слушнал тапите удари на коњскиот галоп и преплашеното пркнување на некоја ноќна птица од стеблакот на црковната липа или бука или питом костен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И како ништо друго да не беше живот освен меко претрчување на невидлив стаорец и некаков шум на ноќна птица врз покривот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некоја непозната ноќна птица пискаше во далечината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некои други чудни гласови допираа од некаде од темнината, некои непознати звуци наближуваа одоколу, и мене ми се причинуваше дека сите шумски животни се збрале и нè ѕиркаат од зад дрвјата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби ја посоветува да си го прибере болното место со мек облак. Ајде, умна птицо, малку да си позборуваме, му реков на утот во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Писна ноќна птица, според моја процена ут. Можеби се растажи над месечината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во далечина плачеше ноќна птица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ехото доаѓало од две страни, од местото на ранетите и од дувло на ноќна птица; потоа бувот му се вратил преплашен на својот мрак - оние што не биле зафатени со ранениците се раздвижиле преку чуките и по суводолиците да го собираат заборавениот добиток.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останав неподвижен, стуткан. Ми се чинеше дека за сето тоа време некој со потсмешливост во срцето ми ги наслушнува мислите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над смирениот туѓинец преку чие суво грло минала острица на јатаган, Богоја Гулабарин сѐ потивко и потивко плачел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отаде река заквилува ноќна птица, меѓу бараките прелетува лилјак. Високо полна месечина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Измислуваа и други нешта, но никој не беше ѝ го видел лицето одблиску, таа живееше како лилјак, како ноќна птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Црни рапави кори – шупливи инструменти населени со ветрови и ноќни птици.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или: одам покрај реката и ги следам гласовите на жабите и ноќните птици.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Би сакала да сум цвеќе, и во милувки да те галам да бидам ноќна птица, и кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот оштро, да пијам сок од твоите жили, и така в бессоница, да те милувам тебе мојот најсакан цвет, што рози и ме мори...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Би сакала да сум цвеќе во милувки да те галам да бидеш ноќна птица кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот да пијам сок од твоето тело и така в бессоница да те милувам тебе мојот најсакан цвет што рози и ме мори да бидам патник и тебе те гледам да бидам сонце да го стоплам твоето тело, би сакала, би сакала да си мој!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Ги гледаш ли невидливите ноќни птици?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од далечината се слушаше дишењето на реката, крикот на некоја ноќна птица, дишењето на децата во сон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Летните звуци на скакулци и ноќни птици одекнуваа низ накиснатата населба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За тебе тоа беше ноќ што ќе те прогонува во соништата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сам со себе, сега можев да си признаам колку болно се чувствував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)