ноќен (прид.) - час (имн.)

Седиме група писатели во касните ноќни часови на кафанската маса и си разговараме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ноќ на плоштатката Тертр Итав кон плоштатката Тертр, но во себе криев една неверба дека во првите ноќни часови ќе сретнам некого од нив, зашто, сепак, јануари во Париз беше толку студен, та не дозволуваше да се работи на отворено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во ноќните часови, на најпрометните шеталишта, и тоа не само на Сен Мишел, туку и на сите вакви места во Париз, па и на сите попрометни станици и шеталишта во париското метро, интензивна трговија водат „хипиците“, кои се препознаваат со своите екстравагантни изгледи, облекување, по брадестите физиономии и испосничките лица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можат само од далеку да им се восхитуваат на неговите модерни архитектонски контури и на блескавото светло во ноќните часови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ноќе, или во првите ноќни часови, сиот „Пигал“ се капе во шаренило од светла и тогаш овде најмногу се згустнува од луѓе, од љубопитни шетачи и гости на Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби никаде на други места во Келн, навечер и во ноќните часови нема толку луѓе по улиците и кафеаните, колку во овој кварт под мостот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Хипиците“ делуваат морничаво во ноќните часови на послани стари весници или пак на некакви чаршави продаваат накити, но ако ги сретнете во групи, тие пеат и свират на гитари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прага е полна со ресторани - 136, дваесетина барови, педесеттина хотели и во нив се одвива животот на гостите и тука е посебно живо во доцните ноќни часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Држејќи се за раце во ситните ноќни часови, нога пред нога, оваа фасцинантно усогласена двојка се упати кон станот на Виктор, кој се наоѓаше во центарот на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така пишуваше во весниците.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според студенилото и крутоста на телото, смртта најверојатно настапила во првите ноќни часови.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука, во матниот сјај на бакарот, одекнуваа долго, до доцните ноќни часови, чеканите на мајсторите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Волшебник си, леташ на килим што самиот си го ткаел во ноќни часови?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како што сакам така летам. На невидлива нишка или во балон од сапуница.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Раскажуваат страшни приказни за опасен стаорец што во најмирните ноќни часови тајно ја напаѓа населбата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ова е првиот, ноќен час, според бенедиктинскиот распоред на времето и должностите - посветен на Речта, солилоквијска, келијско-самичка, осаменичка, калуѓерска, монашка
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)