обдукциски (прид.) - информација (имн.)

Обдукциската информација е естетска информација и затоа што во техниките на високата технологија воспоставува специфичен статус на телото, коешто е тело од другата страна на разликата, тело на дистанцата, последната територија на чистото овде и сега во кое можеме да засечеме со Маргина 37 15 помош на високата технологија, без страв дека ќе го повредиме; можеме да го изложиме на постојана деконструкција а тоа да не го правиме мануелно или одблиску, можеме да го фрлиме во безграничниот простор на Интернет, во мрежата на распрскани флуидни идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)