обичен (прид.) - игра (имн.)

Будејќи се од сонот кој сѐ уште ми играше на трепките, сетив како тоа не беше само обична игра.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)