обичен (прид.) - работник (имн.)

Еве П.Шатев каков опис дава на неговиот физички изглед: висок, слабо лице, мали очи, остар правилен нос, црна кадрава коса, секогаш скромно облечен, личел на обичен работник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Амер, оној најстариот меѓу младите, обичен работник во фабрика за целулоза, кој поминал многу години на работа надвор од земјата, како да се заситил од печалбарењето, од белиот свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не сакајќи да биде на товар на Организацијата, ниту пак да се вклучи во водовртежот на емигрантската организација, Диме се вработил како обичен работник во рудникот Перник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)