обратен (прид.) - правец (имн.)

Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
11. КОГА ВОЛКОТ БЕШЕ КУЧЕ В ГОРА - нејасното тука ќе си остане за навек, само луѓето можат со Дарвин да спорат развивајќи се себе во обратен правец...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Си одевме по овците така молчејќи, а трите кучиња- Шарко, Геско и Мурто- радосно трчаа околу булукот; ќе се сретнеа на горниот крај, ќе се здавеа и пак го обиколуваа булукот, сега трчајќи во обратен правец.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)