објавен (прид.) - текст (имн.)

Не го дочекав печатењето на весникот, како секогаш, кога му го носев на Татко, со моите објавени текстови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред Борко имав чувство на вина ако проговорам за моите дилеми околу некоја моја идеја, уште повеќе ако покажев радост од веќе објавен текст.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не апострофирајќи го квалитетот на објавените текстови (ма зошто да не!: апсолутно супериорен во однос на било која конкуренција овде, во Македонија!) факт е дека се публикувани (во тие пет броја) околу 900 (авторски) страни текст, повеќе од стотина графички прилози, два стрипа од по четириесетина страници, и плус е направена дискета со првиот хипер-текст во Македонија, скромен но направен професионално и со многу дух (за септември планираме многу поамбициозен хипер-текст, на 5 МБ, со 500 страни текст, звук и педесетина слики). 4 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)