објаснив (прид.) - дека (сврз.)

Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако му објаснив дека се викам исто како и едно дрво што расте во нашиве краишта, Игбал има обичај да рече: - Познавам две Брези, едно девојче и едно дрво и тоа е сосема доволно да можам да кажам дека ја познавам твојата татковина и дека го разбирам јазикот на кој зборувате.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оваа е моја и овде јас сум главна, а ти си само случајно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Па, не знам, сè нешто наредува, вчера, замисли, ме натера да си ја средам собата и кога јас се побунив и убаво ѝ објаснив дека мене нередот воопшто не ми пречи и дека тоа е моја соба, па што сакам во неа ќе си правам, таа строго и грубо ми рече: Ти така ќе постапуваш кога ќе бидеш во своја куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ми рече дека тебе ќе ти го подари кога ќе пораснеш, а јас ѝ објаснив дека, ако стори така, тоа ќе значи дека ние двајцата еден ден сигурно ќе се сретнеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А потоа ѝ објаснив дека најчесто ние, возрасните, ја поттикнуваме таа болка кај нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и ја посоветував дека е многу попрактично крвавите глави да ги носи в торба, или барем под скутниот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добро знаеше дека повеќе не постои СФР Југославија. Туку СР Југославија (односно заедницата меѓу Србија и Црна Гора), земја која продолжи да ја признава државата Палестина, самопрогласена во 1988 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаше време за многу зборови. Арафат долго ме држеше за рака додека му објаснив дека сум сега амбасадор на Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога најпосле ги отфрлив алузиите што сакаше да ми ги припише нивната задоволна смеа, им објаснив дека моето интересирање по однос на облеката е упатено на можно откривање на некоја нивна особина која би се изразила дури и во тоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Им објаснив дека Чардаклија ми помогна да се извлечам од блокадата и да се поврзам со единиците горе, во планината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)