овдешен (прид.) - човек (имн.)

И, куц-куц, тоа куцо човече почна и за ќајата Неби-ага да претставува камен за сопнување, не само филијка од лебот на папуџијата Јосиф: кај папуџијата Јосиф доаѓаше по свои папучи и лично кадијата Гази-баба, а Гази-баба не одбра Турчин за таа работа, туку баш рисјанин, зашто тој што беше седумпати едноподруго избиран за кадија на Скопје, со мудроста отиде далеку и виде дека душата на овдешниот човек полесно се предава со милост, отколку со сила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На „Берзен плац“ Секој овдешен човек знае да покаже каде се наоѓа „Берзен плац“, каде што е Берзата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)