ограничен (прид.) - простор (имн.)

Беше изградена во форма на сателит, но сите решенија беа многу успешни зашто се е така приспособено и во многу ограничен простор да може да се располага комотно со кујната.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Илузорно платно на ограничен простор чии крај се сопствените агли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бидејќи првиот и најважен интерес во мојот професионален живот е во врска со она што се случува во терпапискиот контекст, на почетокот на овој текст ќе презентирам неколку тераписки случаи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Би сакал да го нагласам фактот дека, поради ограничениот простор, описите на случаите се малку прилагодени .
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Хичкок тоа го сметал за свој најуспешен настап во некој од своите филмови. превод: Ана Пејова извор: Hitchcock (зборник, Љубљана, 1984.) okno.mk | Margina #22 [1995] 157 158 Margina #22 [1995] | okno.mk Во следната Маргина Голем тематски блок за Александар Станковски Хитлерите, Тајните вечери, Ѓаволите и жените, Кокино, Маклабас, Лабрис okno.mk | Margina #22 [1995] 159
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со еден збор, Чамецот за спасување спаѓа во сосема друг вид филмови од оние на Хичкок: оној вид психолошки драми, кадешто групата луѓе се наоѓа на ограничен простор и егзистенцијално заострената ситуација ги присилува да ги „откријат картите”, да го докажат својот вистински карактер, да смогнат доволно сили за спасувачката одлука или да пропаднат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чамец за спасување (1944) беше обид интересот на публиката да се одржи цело време и покрај тоа што целиот филм се одвива во многу ограничен простор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зборувам со нив, им објаснувам што се случува во сцената, што сакам да постигнам со таа сцена, зошто прават некои одредени нешта - бидејќи актерите се врзани за приказната, но еден единствен поглед може различно да влијае на таа приказна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, тој практично делува во мошне ограничен простор на уметничко егзистирање, а неговите гледачи се истоштени наследници на општествената класа на руската интелигенција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На тие долги прошетки во ограничен простор, не влегувавме единствено во собата на Херман, во која тој спиеше до заминувањето во војна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само еднаш Роза ја подотвори вратата од неговата соба, и пред да ја затвори, рече: “Постојано мислам дека ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)