ограничен (прид.) - во (предл.)

Во првиот момент се осети потчинет, ограничен во своето самовластие, но веднаш се успокои, и како да му се симна некаков товар од грбот, па му вели на Стојчета: — Шо има ново? Шо ќе правиме сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој се почувствува стеснет, ограничен во својата слобода и тешко се натажи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој во кратко ја разбра работата од Толета и наполно ја одобри.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Црковните ордени во Франција се ограничени во училишните работи, оти со нив злоупотребуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко во мигот очекуваше Камилски да помине на новиот турцизам, но тој продолжи: - И јаничарите и башибозуците се делови од големата светска мерценерија, ограничени во време и дејство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одредницата народност претпоставуваше дека поради другата татковина, односно држава на која би требало да припаѓам, моите права во Југославија, всушност, беа до одреден степен ограничени во споредба со домородците, а и меѓу нив постоеше хиерархија во владеењето според бројната припадност на народите, кои ја создадоа првин државата на Србите, Хрватите и Словенците, Југославија, (со отворени и латентни антагонизми и анимозитети меѓу нив, кои особено се разгоруваа во критични времиња на Балканот и во Европа), па потоа таа се разбира во фашистички држави, врз строго етничко-национална чистота, за повторно да се обединат во антифашистичката коалиција и да ја пресоздадат новата федерација Југославија, во чиј состав влегуваа народите (Србите, Хрватите, Словенците, Македонците), потоа народностите (Албанците, Унгарците, Турците, Италијанците и другите), меѓу нив би можеле да се сместат босанските Муслимани (всушност конвертирани Срби и Хрвати).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сфативме дека дури и како “живи скулптури” ние сме многу ограничени во тоа што можеме да го кажеме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Озмонд, дека многу од тоа може да се научи од искуството со ЛСД, дури и кога се ограничени во нивната важност во врска со менталната болест.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа знаеше дека не е во ред човек да биде токку многу маретијален, ограничен во своите сфаќања за животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите граници кои се пречки се само делумни односно ограничени во способноста да вклучуваат или исклучуваат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За жал (повторно за жал!), исклучиво од просторни причини сум ограничен во преносот на сите форми што сатирата ги има во тој ран период од нејзиното постоење - форма на сатирички: посланици, писма, дијалози, кратки драми, новински известија од непостоечки весници, именувајте натаму што ќе посакате...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа појдов од условно речено, номиналната сатира, а точката на одбројување беше XVIII век на руската литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)